Промени тема
Контакт

Мицкоски: Главен интерес и фокус на идната влада ќе претставува креирање на нови и добро платени работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3914

,,За мене претставува посебна чест еве што сум денеска поканет на овој преубав настан кој што го организира компанијата Киел која што го проширува своето производно портфолио на нови повеќе од 7.000 метри квадратни, овдека во индустриската зона овде во близина на Тетово.

— реклама —
— реклама —

Од тоа што можев да слушнам дека се подготвуваат уште нови два плаца за уште едно дополнително проширување на производното портфолио на компанијата. Ние како идна влада имаме намера сите инвеститори да ги подржуваме на рамноправна основа и странските и домашните, да се бориме за секое едно ново работно место. Главен интерес и главен фокус на работењето на идната влада ќе претставува креирање на нови работни места, на добро платени нови работни места, понатаму зголемување на извозот, зголемување на бруто домашниот производ, а со тоа нормално и покренување на домашната економија. Мислам дека и самите бевте сведоци на пораките кои што беа упатени од овој настан.

— реклама —
— реклама —

Јас нема што повеќе да додадам, компанијата се занимава со производство на седишта кои што можете да ги најдете во возовите кои што се обраќаат ширум Сојузна Република Германија, од тоа што разбрав и од пораките кои што стигнаа можам да заклучам дека овој производен капацитет ќе произведува за потребите на уште еден странски инвеститор, тоа е фабриката Ван Хол односно автобусите кои што фабриката Ван Хол ќе ги произведува за пазарот во САД, така што еве како идна влада би сакале да упатиме порака на соработка, поддршка, се бориме за македонската економија, за секое ново работно место да ги задржиме нашите граѓани овде во Македонија.”, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања