Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, ова е дел од фолклорот за сеење на етничка и верска нетрпеливост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-15

„Јас цело време предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта, бидејќи тоа е картата на којашто овие криминалци коишто изминатите години печалеа на грбот на народот ќе се обидат да предизвикаат нестабилност и така натаму и ова се такви изолирани инциденти коишто ќе следат. Вие ја слушнавте изјавата и на Владиката, слушнавте и ја прочитавте прес конференцијата којшто се оградува од ваквите инциденти, жителите на село Галате коишто исто така се оградуваат од ваквите инциденти. Но, она што е интересно е што на социјалните медиуми на едно од лицата, излегоа некои слики коишто го гледаат во друштво на политички активни ликови, ако се земе предвид и политичката провениенција и поддршката на градоначалникот во општина Врапчиште, но и сеуште полициската структура којашто е во ОВР Гостивар, тогаш многу лесно може да се дојде до заклучокот дека ова е дел од оној фолклор којшто се подготвува за сеење етничка, верска нетрпеливост и обид за дестабилизација, вели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос настаните во црквата во селото Галате.

— реклама —

Тој додаде дека инциденти од овој тип ќе има во периодот којшто следи.

— реклама —
— реклама —

„И ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи. Зошто? Затоа што не можеме, како Влада, имајќи ги предвид последните измени во Законот за полиција и Законот за работа на Министерството за внатрешни работи, да се случат промените во раководните структури, бидејќи тие се лимитирани на пет години искуство на висока позиција, вие знаете седум години кои беа кај нас во Влада во Македонија, така што ќе мора за следните два-три месеца да се случи измена на тој Закон за да настане измена во тие раководни структури за да можеме реално да ја контролираме ситуацијата. Инаку во периодот немојте да имате дилема дека овие корумпирани политички елити од минатото, ќе се обидат преку своите центри сеуште на влијание во секакви институции да создаваат етнички конфликти и тензии, но ние ја контролираме ситуацијата“, рече тој и додаде дека брзо се реагира и нема поддршка од страна на жителите.

— реклама —

„Брзо се реши и оваа ситуација, гледате, не наидува на поддршка кај населението, самите жители на село Галате, би рекол го отфрлија сето ова, самиот Владика на Гостиварско-полошката епархија го отфрли сето ова, така што јас апелирам, сега во моменти кога тргна да расте индустриското производство, преработувачката индустрија, кога се намали инфлацијата, кога се прават реформи, кога се носат навистина добри мерки и странски инвестиции, конечно забележуваме раст во вториот квартал, да не дозволиме вакви корумпирани сеништа од минатото да нѐ влечат назад. Мора да одиме напред и мора да се бориме да одиме напред“, дециден е Претседателот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања