Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryr2fpr1d4h6jr1cArv3e

СДСМ преку соопштение обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски не се откажуваат од, како што велат, намерата за изборен инженеринг преку гласањето на дијаспората.

— реклама —

Од партијата тврдат дека, по неуспешниот обид да се воведе електронско гласање, сега власта предлага гласање по пошта, но без доволни механизми за контрола и гаранции за заштита на изборниот процес.

— реклама —

„На Мицкоски не му е важна реформската агенда, туку таа служи како параван за изборен грабеж“, наведуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение се истакнува дека СДСМ не е против правото на глас на македонските иселеници, нагласувајќи дека тие и сега учествуваат на изборите, но се против модел кој, според нив, остава простор за манипулации со гласовите.

— реклама —

Од СДСМ додаваат дека власта одбива Државната изборна комисија со консензус да ги уреди процедурите за гласање на дијаспората и прашуваат зошто не се прифаќаат механизми што би обезбедиле поголема доверба во изборниот процес.

— реклама —

Партијата порача дека нема да поддржи, како што наведува, „изборен грабеж“ и ја повика власта да се откаже од предложените решенија и да подготви нов предлог во кој правилата за гласање на дијаспората ќе бидат регулирани од ДИК со консензус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања