Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски им оддаде почит на бранителите од Љуботенски Бачила: „Наш долг е да го негуваме споменот и да ја почитуваме нивната храброст“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

По повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои го загубија животот во 2001 година.

Мицкоски потсети дека на 10 август 2001 година, по активирањето на мина на патот кон Љуботенски Бачила, загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

— реклама —

„Со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили“, порача премиерот.

Тој истакна дека споменот треба да се чува и за Ацо Ангеловски, припадник на полициските сили кој во 2000 година го загубил животот во Арачиново.

— реклама —

Според Мицкоски, жртвата на бранителите претставува трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена.

— реклама —

„Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации“, порача Мицкоски.

„Вечна им слава на бранителите!“, додаде премиерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања