Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Рано е за проценки, но примирјето Вашингтон-Техеран веќе влијае на цената на нафтата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е рано да се прават прецизни проекции за влијанието на најавеното двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран врз цената на нафтата, но посочи дека првичните ефекти веќе се видливи на светските берзи.

— реклама —

Според него, цената веќе бележи пад од околу 20 долари по барел во однос на претходниот ден, што е директна реакција на договорот за примирје.

„Ќе видиме како ќе се движат работите понатаму. Рано е да се прават проценки за следните денови, но внимателно ја следиме состојбата“, рече Мицкоски.

— реклама —

Во однос на влијанието врз домашната економија, премиерот се осврна и на најновите податоци за трошоците за живот. Според официјалната статистика, тие на годишно ниво се зголемени за 4,9 проценти.

— реклама —

Тој потсети дека во март минатата година беа активни и Рамазанската и Велигденската кошничка, што создава пониска споредбена основа.

„Ако го гледаме месечното ниво, зголемувањето е 0,7 проценти, со што сме меѓу петте земји во Европа со најниска инфлација. Помала стапка имаат Словенија, Словачка, Естонија и Белгија“, истакна премиерот.

— реклама —

На прашањето за ефектите врз буџетот од намалувањето на ДДВ-то и акцизата за горивата, Мицкоски не изнесе конкретни пресметки, но посочи дека Владата внимателно ги следи сите економски параметри поврзани со движењата на цените на енергенсите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања