Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Инвестиција од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6408

„Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Еве вчера поранешниот потпретседател на Владата и одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај.

— реклама —

Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа, па оваа Влада мораше сега заедно со инвеститорот го заврши овој процес. Очекувам уште многу вакви инвестиции во периодот којшто следи.

— реклама —

Во тек се преговори за проширување на две веќе постоечки инвестиции од странските инвеститори но и една нова којашто ја преговараме и сме во завршна фаза со уште една многу голема и моќна европска држава, членка на ЕУ.

Се надевам и сум сигурен дека и таа ќе се заврши до крајот на годината со што мислам дека озбилно ќе биде исцрпен човечкиот потенцијалот за ваков тип на инвестиции кај нас и мислам дека на тој начин ќе додадеме вредност во процесот на зголемување на БДП нешто коешто ние е многу важно. Така што уште еднаш, не може човек да не биде среќен и радосен кога се отвара инвестиција во вредност од 65 милиони евра каде што ќе има во максимален обем од 700 и повеќе вработени кога ќе го достигне врвот самата инвестиција.

— реклама —

Од разговорот можам да кажам дека во првите години ќе имаме до кај 35, 40 милиони евра максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130 па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија.

— реклама —

Уште еднаш честитки и да се множат ваков тип на инвестиции.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања