Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски ја осуди пресудата за новинарката Вејсели оти споменала судија: Ограничувањето на слободата на говор е неприфатливо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library0r5mopp3lokh6tgB8Ve

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најостро ја осуди пресудата со која новинарката Љиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија.

„Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Најостро ги осудувам ваквиот тип на ограничување на слободата на говорот. Новинарите треба етички да се однесуваат, да ја информираат јавноста и за тоа да служат, и било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам, без разлика дали е од политичар, јавна личност или судија“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Претходно, Обвинителството ја гонело новинарката, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пресудата е донесена затоа што во новинарско известување било спомнато името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.

Вејсели за Скопје1 изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за сериозен кривичен случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, како што наведе, судијата Илјази изрекол казна од три месеци ефективен затвор.

— реклама —

„Осудена сум затоа што го спомнав името на судијата во контекст на судска одлука за сериозен кривичен случај. Казната е 700 евра за наводна злоупотреба на лични податоци“, изјави Вејсели.

Во писменото образложение на пресудата, судијката Мишоска наведува дека на 28 октомври 2024 година новинарката, без согласност на судијата Назиф Илјази, ги користела неговите лични податоци – име и презиме – преку објави на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, со што, според судот, му била нанесена штета на честа и угледот во неговата професионална дејност, која ја извршува повеќе од 37 години. Судот заклучил дека со ваквите дејствија се исполнети битните елементи на кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ од Кривичниот законик.

— реклама —

Од Обвинителството беа побарани одговори за тоа кој обвинител го поднел предлогот за издавање казнен налог и зошто е покрената постапка против новинарка која објавила име и презиме на судија, носител на јавна функција. До објавувањето на овој текст, одговор не беше доставен.

Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој оцени дека случајот е сериозен показател за состојбата со слободата на говор и довербата во судството.

— реклама —

Според Исени, сведочењето на Вејсели покажува дека полицијата ѝ била на располагање за заштита во моментите кога била изложена на притисоци, но дека денес се случува, како што наведе, „најголемиот парадокс“, при што судството, кое со години било политизирано и деградирано, се прикажува како жртва. Тој оцени дека довербата во правдата паднала на историски минимум, како последица на политички влијанија и континуирани вмешувања, додавајќи дека истите актери кои денес зборуваат за слобода на медиумите, во минатото молчеле или вршеле притисок врз критичките гласови.

Во продолжение е објавено и видеото во кое е споменато името на судијата, а кое е основата врз која новинарката е осудена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања