Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека здравството е еден од главните приоритети на Владата и најави продолжување на инвестициите за модернизација на здравствениот систем.

— реклама —

Тој посочи дека за здравството годинава се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра, нагласувајќи дека обновата на системот е процес што бара време, финансиски средства и континуирана работа.

„Тоа што со години, па и со децении се уништувало, не може да се исправи преку ноќ. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме подобри здравствени услуги за граѓаните“, рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот, кој денеска ја посети Клиничката болница во Битола, го поздрави досегашниот ангажман на раководството и вработените, оценувајќи дека реализираните активности се само почеток на поширок процес на модернизација.

— реклама —

Според него, Владата ќе продолжи со обновување на здравствените установи, набавка на нова медицинска опрема и зајакнување на човечките капацитети.

„Нè очекуваат уште поголеми предизвици, но остануваме цврсто ориентирани да изградиме современо здравство што ќе одговори на потребите на граѓаните“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој им се заблагодари на здравствените работници, на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување за досегашната соработка и трпението, додавајќи дека инвестициите во здравствениот сектор ќе продолжат и во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања