Промени тема
Контакт

Мицкоски: Ќе ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4436

,,На покана на ЗЕЛС денеска сум на овој настан, на ова Генерално собрание. За мене претставува чест и задоволство што ја добив најпрво оваа покана. Зошто? Затоа што ценам дека општините во периодот кој што следи би рекол и годините кои што следат ќе имаат во Македонија големо значење, затоа што голем дел од капиталните проекти кои што ги имаат како потреба граѓаните, ќе бидат реализирани преку општините.

На граѓаните им е преку глава од бајки, басни и ветувања за големи работи, а ништо не се случува. Нашите граѓани имаат основни егзистенцијални проблеми, во центрите на поголемите урбани средини се гази во кал, ниту 20 проценти од територијата е покриена со организирани канализациски системи, системи за одведување на отпадни води, да не зборувам за нивни прочистување.

— реклама —

Имаме средини каде што немаме ниту питка вода за пиење, имаме руинирани детски игралишта, гледате каква е состојбата со демографијата во Македонија, за неколку години за 30 проценти е намалена бројката на дечиња кои што се раѓаат, имаме руинирани училишта, долги листи на чекање во градинките.

— реклама —

Сето тоа треба да претставува приоритет и ќе претставува приоритет на нивната влада.

Она кое што јас можам да го кажам, а планирам да го повторам на овој преубав настан, е да бидат подготвени сите градоначалници без разлика од која политичка партија, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ, Алијанса, БЕСА, или од друга политичка партија, или пак се независни, да работата на проекти до одобрение за градба, на есен во првата половина на септември, а можеби ако биде секако што треба со ребалансот во втората половина на јули месец, уште во август месец ќе биде објавен повикот за оваа година минимум 6 милијарди денари, минимум 100 милиони евра иако јас се обидувам да обезбедам и денар повеќе.

— реклама —

Но, веќе следната година повикот ќе биде објавен на самиот почеток, таму некаде во втората половина на јануари или прва половина на февруари и ќе бидам 250 милиони евра од централниот буџет реалоцирани за општините.

— реклама —

Нашата цел е за првите 4 години од нашиот мандат да допреме до 400 илјади домаќинства, да ги решиме тие основни егзистенцијални суштински проблеми на 400 илјади домаќинства.Да ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин. Се надевам дека ќе успееме. Ќе бидам попрецизен сигурен сум дека ќе успееме. Знам дека станува збор за амбициозна група на градоначалници кои што ќе дадат се од себе и оваа година и почетокот на следната година без разлика на политичките партии да направат проекти бидејќи тие се избрани од народот, и да бидат слуги на народот и пред народот да одговорат.

Ја разбирам тешката состојба во општините, разбирам дека колку помалку граѓани се селат, толку помалку даноци во општините, толку помалку расположливи средства и затоа е тука владата со една добра домаќинска работа, реорганизација во самата влада да обезбеди ресурси да се одговори на реалните проблеми на граѓаните.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања