Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија.

— реклама —

Тргнувајќи од целта за сеопшт политички и државен развој и напредок на нашата татковина Република Македонија;

Констатирајќи го девастирачкиот карактер врз македонската економија, политика и национални интереси на актуелната владејачка клика;

Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој;

— реклама —

Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.

Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите - членки на коалицијата „Твоја Македонија“.

— реклама —

Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт.

Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста.

Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти.

— реклама —

Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани.

Воедно апелираме да има масовна излезеност на овие избори бидејќи неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезноста е клучот. Промените се во ваши раце.", изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 10 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања