Промени тема
Контакт

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library72eg563ncdrve2U2xZr

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието.

„Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство, посочи премиерот Мицкоски, оценувајќи ја оваа тема како кампања за невистина на опозицијата за растурање на пердуви со цел да се тргне вниманието од внатрепартиските случувања во СДСМ, изборот на новиот состав на нивниот партиски Извршен Одбор.

Тоа е филозофијата и пи-ар трикот што мислат дека ќе го направат. Мислам дека тоа не е игра на краток рок, туку игра на уназадување. Ако некој пледира да биде сериозна политичка опција, тогаш треба да има и сериозни позиции, а ова не се сериозни позиции, туку политички гимнастики кои немаат апсолутно никаква врска… Еве ќе дојдат и март и април, мигранти ќе нема, ќе дојде и јуни пак ќе нема мигранти, и тогаш што ќе се прави? На следните избори наместо 18, ќе имаат 12 пратеници“, оцени Мицкоски.

Мицкоски притоа посочи и на празната сала во делот каде што треба да седи опозицијата, во која немаше пратеници, нагласувајќи дека ова е ден, седница за поставување на пратенички прашања, ден кога опозицијата треба да ја прашува владата, а пратениците кои ги чинат граѓаните меѓу две и три илјади евра месечно, пратениците од опозицијата ги нема.

— реклама —

Ова е сликата на македонската опозиција денеска. Да видат граѓаните кој пледира да биде влада во Македонија.

Мицкоски посочи дека и покрај стравувањето на СДСМ од предвремени избори, како одговорна Влада и мнозинство во Собранието, избори напролет нема да има, бидејќи следната година е полна со предизвици кои треба да се решаваат.

— реклама —

На темата „мигранти“ Мицкоски ја поздрави Резолуцијата донесена во македонското Собрание.

„Со тоа јасно и недвосмислено се става крај на оваа измислена тема мигранти, ги потврдува политиките на владата, а политиките на владата ги потврдија граѓаните на локалните избори коишто се случија пред неколку недели. Оваа влада како ретко која влада од независноста до денес, има обврска да ги штити интересите на граѓаните бидејќи има во историска смисла најголема доверба. И затоа мораме да се однесуваме одговорно колку и да имаме работа со неодговорна опозиција“, рече Мицкоски.

— реклама —

„Мицкоски ја искоментира и претставката пред Уставниот суд за усвоената Резолуција во Собранието поднесена од СДСМ, нарекувајќи го како „чудно“ и невидено во светот, бидејќи не станува збор за закон или подзаконски акт, туку за Резолуција.

Мислам дека местото не е таму. Местото е тука, во Парламентот. Тука се прави таа дебата, тука се бранат аргументите, тука граѓаните следат, но овие места на опозицијата се празни. И затоа кога утре ќе зборат за интересите на граѓаните, за стандардот на граѓаните, за подобра држава, граѓаните треба само оваа слика да ја видат, денес на пратенички прашања. Ова е сликата на опозицијата во македонското собрание“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање за темата за мигранти, притоа посочувајќи на празните места во Собранието а на кои ги немаше пратениците од опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања