Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Можно минимално поскапување на горивата од околу пола денар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylrv45hih648s97WYHag

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува значително поскапување на горивата во земјава, оценувајќи дека евентуалните промени во цените ќе бидат минимални.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали следува нов бран поскапувања на нафтените деривати, Мицкоски изјави дека според владините пресметки не се очекуваат поголеми ценовни промени.

„Не очекувам некое поголемо поместување, отприлика околу половина денар, односно околу 50 дени, да има нивелирање на цените на безоловниот бензин и дизелот, со што повторно остануваме убедливо најевтината земја кога станува збор за цените на горивата“, рече премиерот.

— реклама —

Тој повтори дека Македонија е единствената земја во регионот каде дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин и најави дека во иднина ќе мора да се размислува за измени во акцизната политика.

— реклама —

Според Мицкоски, по стабилизирањето на состојбите и смирувањето на кризата, можно е да се пристапи кон нивелирање на акцизите, при што кај едни горива тие би се намалиле, а кај други би се зголемиле.

„Такво е искуството и примерот кај сите соседни земји. Никаде немаме толку драматично поевтин дизел во однос на безоловниот бензин. Речиси секаде дизелот е поскап, и тоа значително поскап од бензинот“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека по воспоставувањето на очекуваниот мир и стабилизацијата на состојбите ќе може посериозно да се разговара за можните измени во акцизната политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања