Промени тема
Контакт

„Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската тема“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

СДСМ денеска преку соопштение реагираше на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Идризово, каде изврши увид во изградбата на фекална канализација, оценувајќи дека станува збор за „стручњак на вистинското место за вистинската тема“.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека посетата доаѓа во време кога Гостивар повеќе недели се соочуваше со сериозна криза со загадена вода, при што, според нив, имало голем број заболени и последици по здравјето на граѓаните.

„Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура. Само овојпат од правилната страна на цевката“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата прашуваат зошто Мицкоски немал увид или посета на Гостивар во периодот кога граѓаните се соочувале со проблемот со водата, а сега има време за посета на проектот во Идризово.

— реклама —

СДСМ во реакцијата ги наведува и случаите на заболувања и смртни случаи кои ги поврзува со состојбите во Гостивар, посочувајќи ја епидемијата на жолтица, случаите на западнонилска треска и состојбата во болниците.

„Еден месец криза со загадена вода. Илјадници заболени. Епидемија на жолтица. Отруена вода во болницата. Епидемија на западнонилска треска. Двајца починати од западнонилска треска. Болниците во колапс. А премиерот? Прво на научна екскурзија. Потоа на увид на фекална канализација“, стои во реакцијата.

Од СДСМ заклучуваат дека, според нив, приоритетите на Владата се јасни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања