Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1012024-Mickoski-2

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека денеска на владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија, кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада и посочи дека Владата се раздолжува од обврските кои се наследени.

— реклама —

„Денеска после долги и напорни преговори на владина седница помина и вториот дел од унгарскиот кредит, вторите 500 милиони евра. Ние пред избори зборувавме за 1 милијарда, кога ги обезбедивме првите 500 милиони бевме обвинувани дека биле само 500, каде се другите, а ние викавме бидете трпеливи, не сакаме уште од сега да ја истрошиме и оваа втора половина бидејќи ќе треба да плаќаме камата. Ќе ја затвориме оваа зделка кога ќе биде потребна, а тоа е сега затоа што на 25 јануари истекува рочноста на еврообврзницата која е земена во 2018 година од претходната влада и потребни се 500 милиони евра да се врати таа еврообврзница“, истакна премиерот Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски појасни дека кога денеска би излегле со нашиот кредитен рејтинг и ако споредиме држави со многу подобар кредитен рејтинг дека земаат еврообврзница со каматна стапка од 5%, тогаш ние не можеме да очекуваме еврообврзница пониска од 6%, а сега добиваме заем од 3,25% што е пониско од 2,75% помалку од пазарната.

„На 500 милиони евра кога сето ова ќе го ставите, рочноста од 15 години тоа се заштеда од 200 милиони евра. Ќе се задолжиме за да се раздолжиме, односно идните влади и генерации ќе немаат еврообврзница да враќаат. Тие би требало да бидат оперативни од следната година. Останатите 250 милиони евра рековме дека ќе бидат ставени на располагање на бизнисот преку Македонската банка за обнова и развој, односно комерцијалните банки со каматна стапка од 1,95% со грејс период до 3 години и рок на отплата до 15 години што мислам дека ниту една компанија во Македонија во овој момент ги нема овие услови, би рекол и во регионот“, рече премиерот Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски додаде дека останатите 250 милиони евра се за капитални инвестиции во општините како што се инфраструктурни проекти, булевари, улици, водоводи, пречистителни станици, училишта, градинки и слично.

— реклама —

„Така што од оваа 1 милијарда евра која ја ветивме ние завршуваме три работи. Првата е дека се задолжуваме за да се раздолжиме и веќе следните влади кои да се нема да плаќаат еврообврзница една ќе има помалку. Второ трошиме за капитални инвестиции за општините, допираме до 250-300 илјади домаќинства. Трето преку бизнис заедницата допираме до сите граѓани“, нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања