Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски најави поевтинување на основните производи: „Граѓаните беа толерантни, сега е редот на трговците“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе почне јавно да ги споредува цените на основните прехранбени производи со оние во регионот, со цел да се изврши притисок за нивно намалување.

— реклама —

Одговарајќи на прашање колкави поевтинувања очекува и кај кои производи, Мицкоски рече дека не би лицитирал со бројки, но смета дека е неопходна корекција на цените.

— реклама —

„Јас не би можел да кажам колкаво и каде најмногу, само кажувам дека основните прехранбени производи потребно е да претрпат корекција, бидејќи граѓаните беа толерантни досега. Сега е време тие да се оддолжат на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе прави споредби на цените во земјава со оние во соседните држави и јавно ќе ги објавува резултатите.

— реклама —

„Ќе направиме споредби какви се цените во регионот, какви се цените кај нас, за некои од основните прехранбени производи и во одредени маркети, ако треба и по име и презиме. Од утре јавно ќе ги објавуваме и понатаму, оставаме на нив“, рече премиерот.

— реклама —

Изјавата доаѓа во период кога Владата води разговори со трговците и производителите околу можностите за намалување на цените на дел од основните производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања