Промени тема
Контакт

Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-3

„Во името на Владата и во мое лично име на сите граѓани од ромската етничка заедница им го честитам 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

Македонија е земја која историски и традиционално гледано секогаш била пример за толеранција, разбирање и инклузивност на своите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.

Наш предизвик и цел како Влада и како држава, во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите, а со тоа и подобрување на целосната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење.

— реклама —

Ова е процес кој мора да започне од потполна достапност до системот на образование и едукација, преку организиран и институционален систем на заштита од дискриминација, до апсолутна вклученост на Ромите во економските и социјални текови на нашата заедница. Македонија е земја со ограничени ресурси и затоа мора својот приоритет да го постави во насока на искористување на сите кадровски и човечки потенцијали со кои располага, со стремеж постигнување на заеднички напредок.

— реклама —

Најдобар одговор за социјалното и економското назадување е образованието. Нашите напори се да воспоставиме реформи кои земјава ќе ја реформираат, унапредат и обезбедат иднина и развој.

Мораме да ја претвориме нашата земја во држава која дава еднакви можности на сите, која ќе го цени и вреднува успехот и квалитетот на индивидуалецот, како предуслов за градење на подобра иднина на сите.

— реклама —

Заедно можеме повеќе, подобро и само така Македонија ќе биде нашиот заеднички дом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8utajlefk9gl7bbu0Jy

„Со гордост ја претставуваме Македонија на Генералното собрание на ОН“, вели Мицкоски

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library57ftvusr5klod8UwjQl

„Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси“: Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк:

Македонија | пред 17 часа

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 1 ден

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања