Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите.

— реклама —

Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно. Во овој момент, според последните податоци од Државниот завод за статистика, е дека размената за 2023 година е на ниво на половина милијарда евра.

И не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да не е уште поголема. Со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот кој што ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, и така натаму, приоритети кои што се многу важни.

— реклама —

Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни. Последното случување коешто се случи на 2 Август со претседателката на Косово и исто така од страна на присутните беше истакнато дека според информациите кои што го добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека јас не го користам туку го користам делот како и сите граѓани.

— реклама —

Но, тоа за нас навистина предизвика едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово; и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот, и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје ја придружувам во времето во кое што таа ќе го помине на скопскиот аеродром, за да избегнеме ваков тип на инциденти. А посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем, кој што ние ќе си го решаваме.

Така што уште еднаш би сакал да потенцирам дека добрососедските односи се двонасочна улица, сакаме со Косово да имаме дека имаме исклучително плодни и искрени добрососедски односи.

— реклама —

Како Влада ќе стоиме позади овој принцип и не гледаме причина зошто тоа да не се случува во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 1 ден

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања