Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
31122024-Mickoski-pres

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам.“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

— реклама —

Претседателот Мицкоски вели дека членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи кои што за жал рече тоа го дозволи Европската унија.

— реклама —

„Нашата близина и далечината со ЕУ не зависи од тоа дали ние сме ко-спонзори на оваа или онаа резолуција, туку зависи исклучиво од билатерални прашања, кои што за жал истата таа ЕУ дозволи да се случат. Дали јас грешам не знам, дали ќе успеам во ова не знам, јас сум го добил легитимитетот од граѓаните пред 9 месеци, пола милион луѓе излегле и гласале.“, рече Мицкоски.

„Јас немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани.“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

На прашањата доколку Вашингтон рече тоа е тоа, дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи:

— реклама —

„Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања