Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Не размислуваме за поскапување на струјата, бараме начин да ја поевтиниме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
electricity-meter-96863_1280

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија, туку бара начин таа да се намали или да се прошири периодот во кој граѓаните ќе можат да користат евтина тарифа.

— реклама —

Тој истакна дека и покрај енергетските предизвици во Европа, Македонија во моментов располага со стабилен електроенергетски систем и доволно резерви.

„Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Напротив, правиме план да најдеме формула како да ја намалиме или барем да ја прошириме евтината тарифа“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Според него, акумулациите во земјава се исполнети околу 70 проценти и содржат речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, што, како што рече, е доволно за сигурно снабдување на домаќинствата и стопанството.

— реклама —

Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика сè уште ги анализира можните измени на тарифниот систем. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, изјави дека се прават симулации и анализи, а сите енергетски компании имаат рок до 30 септември да ги достават своите барања.

Конечната одлука за цената на струјата и евентуалните измени на тарифниот систем се очекува во декември, а новите цени ќе почнат да важат од 1 јануари наредната година.

— реклама —

Во меѓувреме, Здружението на инженери на Македонија предлага нов тарифен систем со значително повеќе часови евтина струја, особено во летниот период, оценувајќи дека има услови за негово итно воведување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања