Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски не сака да го намали ДДВ – народот со најниски плати во Европа ќе плаќа дизел над 100 денари“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за да го ублажи растот на цените на горивата, откако дизелот надмина 100 денари за литар.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека за само шест месеци дизелот поскапел за 43 отсто, а за полн резервоар од 50 литри граѓаните сега плаќаат повеќе од 1.500 денари дополнително во споредба со пред шест месеци.

— реклама —

СДСМ критикува дека нема намалување на ДДВ или акцизата за горивата, ниту, како што велат, мерки со кои би се заштитил стандардот на граѓаните. Според нив, Мицкоски денеска јасно кажал дека Владата нема намера да го намали ДДВ за горивата.

Од СДСМ предупредуваат дека повисоките цени на горивата ќе имаат последици и врз останатите трошоци, бидејќи поскапиот транспорт и производството можат дополнително да ги зголемат цените на прехранбените производи.

— реклама —

Партијата посочува дека потрошувачката кошница е речиси 70.000 денари, додека платите, според нив, не го следат растот на животните трошоци.

— реклама —

„Мицкоски можеше да интервенира. Можеше да го намали ДДВ за горивата и да го ублажи ценовниот удар. Одлучи да не го направи тоа“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања