Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Нема да дозволиме Скопје да ја загуби титулата Европска престолнина на културата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на парламентарната опозиција и на дел од невладиниот сектор во врска со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, оценувајќи дека јавноста се дезинформира.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за трошењето на средствата и за изборот на раководството на фондацијата, Мицкоски нагласи дека не станува збор за директор на јавна институција, туку за фондација формирана за спроведување на проектот.

Според него, проектот започнал пред десет години, но во изминатиот период не бил реализиран, поради што, како што рече, Владата се соочила со ризик Скопје да ја загуби титулата Европска престолнина на културата.

— реклама —

„Станува збор за фондација и за проект кој започнал пред десет години. За жал, ништо не беше направено, а Владата се соочи со предизвик за првпат во историјата на некој град да му биде одземена титулата Европска престолнина на културата“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека законското решение се подготвува во согласност со европските препораки и практики, наведувајќи дека ваков модел бил применет и во други европски градови.

Мицкоски потсети дека обврските за проектот произлегуваат од таканаречената „Бид-книга“, изработена пред неколку години, во која се утврдени програмските активности за 2027 и 2028 година.

— реклама —

Премиерот порача дека нема да дозволи да постои ниту најмал сомнеж за законитоста и транспарентноста на целиот процес, нагласувајќи дека Владата ќе инсистира на целосно почитување на процедурите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања