Промени тема
Контакт

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина.

„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.

— реклама —

Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.

— реклама —

„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:

— реклама —

„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarykr55q9kififhdQgNO2P

(Видео) Мицкоски: Очекувам младите од странство да се вратат во Македонија, животот на западот не е ист како пред пет години

Македонија | пред 3 дена

media-library48adqcah02ei5g9XVsD

За 30% е зголемен интересот за инженерските факултети, младите знаат каде оди светот, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

Мицкоски за најавите за протест на земјоделците: Нивните барања се легитимни и како влада преку механизмите кои ни стојат на располагање ќе направиме сè за да помогнеме

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

„Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања