Промени тема
Контакт

Мицкоски очекува Бугарија да го екстрадира Симеон Михаилов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

По појавувањето на Симеон Михаилов во бугарските медиуми од Софија, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција побара од Бугарија да го испорача осудениот македонски државјанин, по кого е распишана меѓународна потерница.

Михаилов, кој во предметот „Детонатор“ е осуден на 12,5 години затвор, завчера се појавил во живо во прилози на бугарски медиуми додека протестирал пред македонската амбасада во Софија. Неговото појавување пред камерите открило дека се наоѓа во Бугарија, иако македонските власти го бараат со меѓународна потерница.

— реклама —

Мицкоски вели дека од бугарските власти очекува да постапат во согласност со партнерските односи меѓу двете земји.

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството. Ние сме партнери со источниот сосед во рамките на НАТО. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачаат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата“, изјави премиерот.

Случајот дополнително добива внимание поради судската постапка што во Кочани се води против неговата ќерка, Ива Михаилова. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.

— реклама —

На Ива Михаилова судот ѝ забранил да ја напушта Македонија до завршувањето на постапката. Таа, пак, тврди дека има потреба од лекување во Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysrevmo2uhjsqcS6HegL

Осуденик кого Македонија го бара со потерница се појави на бугарска телевизија за да ја брани Ива, на која и се суди за сообраќајка каде загина човек

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања