Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски од Аеродром: Наша задача како Влада е повеќе да нема листа на чекање за упис на дечињата во детските градинки, тоа што го ветивме го реализираме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
13082024_AERODROM-1

„Добар ден и од мене. Денеска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со членовите на владата на Муцунски, Лимани, граѓаните на Општина Аеродром, советниците, пратениците, луѓето коишто од минатото, пратениците сега сме на едно место, на коешто набргу од денеска, според информациите што ги добив, максимум за една година од денеска, ќе може дечињата да го поминуваат оној дел од својот живот, од таа предшколска возраст, каде што ќе можат да научат многу работи кои потоа ќе им бидат потребни во животот за совладување со животните предизвици.

— реклама —

Како што кажа и градоначалникот, наша заедничка задача и цел е да многу скоро од денеска да нема повеќе листи за чекање, за упис во градинките во Општина Аеродром. Ова не е само задача на општината, туку и на владата, на политичките партии, и на коалицијата. Ветивме уште за време на кампањата дека секое дете заслужува свое место во градинките, доколку родителите одлучат да го запишат, и да нема повеќе листи на чекање, привилегии, итн.

— реклама —

Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност.

— реклама —

Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу. Бидете уверени, ќе се намалат листите за чекање за упис во градинките. Како што има уште многу вакви проекти, така ќе има уште многу функционални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните насекаде во Македонија, па и овде.

— реклама —

Ова беше наша цел, ова беше наша програма и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме. Нека е со среќа, ова е почетокот на изградбата на овој објект, па за година дена од денеска, заедно да присуствуваме и на отворањето и приемот на првите дечиња коишто овде ќе го минуваат делот од своето детство.“ , вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 час

— реклама —
electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 1 ден

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања