Промени тема
Контакт

Мицкоски: Останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, до сега нема некој конкретен предлог од стручната фела и експертите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
15082024_MICKOSKI

„Сѐ уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, во нашиот правосуден систем и тоа на сите анкети на јавното мислење е прва тема, дека е потребно да имаме реформи, бидејќи довербата е катастрофална, катаклизмична. Да ние имаме програма и да во нашата програма стои дека треба да биде распуштен Судскиот совет ваков каков што е, партизиран, но и Советот за јавни обвинители бидејќи гледате веќе таму што се случува, бидејќи луѓе што се од дел од таа институција полека но сигурно имаат признанија за сторени кривични дела итн.“, кажа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета и додаде:

„Но, бидејќи се отвори дебатата во јавноста ние сме подготвени како транспарентна Влада, Влада која што сака да се грижи за иднината, а не за минатото да ги сослушаме сите и ако е потребно да направиме еден мозаик од сето тоа, да направиме јасен гантограм на активности, чекори, реформи кои што ќе ја зголемат довербата во правосудниот систем, бидејќи ако немам правна државата, тоа го кажав и вчера на прес конференцијата, како што многумина политичари во светот, светски, многу поискусни од мене велат ние имаме безбедносна закана кон државата, а ние како Влада не смееме да дозволиме да немаме правна држава, да имаме криминални политичари, криминалци, корупција итн. Тоа е безбедносна закана и како таква мораме да одговориме соодветно и така и ќе одговараме соодветно на тоа, односно ќе правиме реформи за да ја поразиме оваа безбедносна закана.“

— реклама —

Премиерот Мицкоски објасни дека безбедносна закана кон една држава не се прави само со оружје во рака, туку се прави и со тешки криминални дела.

„Не значи безбедносна закана ако некој земе оружје во рака и дека го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет, тоа е еден начин, но доколку имаме и пандемија состојба како што беше во минатото со криминалот и корупцијата, ако имаме криминализирани поединци во правосудството, не велам сите, поединци тоа е исто како и да имате вие во буре со најубавата, најбистрата вода и земете неколку лажици фекалија да ставите тогаш за бадијала ви е, ако имате вие мнозинство луѓето од таму што се прекрасни, перфектни кога неколкумина злоупотребуваат и го рушат угледот и дигнитетот на сите луѓе во фелата“, истакна премиерот.

— реклама —

Претседателот на Владата посочи дека консултациите ќе продолжат додека не се најде најдоброто решение за да се врати довербата во правосудниот систем кај граѓаните.

— реклама —

„Така што сега за сега јас навистина покреативна и поконстрантна политика од онаа која што ја имаме не сум слушнал од сите оние кои што сме ги сретнале. Уште ќе продолжиме со консултации рековме до крајот на август ако е потребно и понатаму, мораме да дојдеме до формула до која што граѓаните ќе веруваат дека правдата важи за сите“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 8 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања