Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6783

„Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција.

— реклама —

А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот кој што следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата, да бидам по прецизен убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми кои што се акутни во Македонија како држава.

— реклама —

Дозволете ми уште еднаш да ја изразам својата голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт кој што го фасилитира овој процес.

Уште еднаш да го појаснам односно да го изразам задоволството на Владата што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните.

— реклама —

А нас, како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори.

— реклама —

Заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт убеден сум дека ќе направиме многу.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања