🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски по усвојувањето на извештајот во ЕП: Ова е нашиот Крушевски манифест – нема да дозволиме ново предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Mickoski1

По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.

— реклама —

„Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. Неправдата е составен дел од нашето секојдневие, но нека го чуе секој: денешниот ден не е ништо ново за нас“, порача Мицкоски.

Тој оцени дека со гласањето во Европарламентот вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ниту една друга држава-кандидат.

— реклама —

„Тоа се политичари од врвен калибар, кои совршено знаат што е суштината на овие барања. Сега сè им е сервирано на тацна. Не сакам никој повеќе да ми зборува дека бугарското малцинство е проблем – уште утре можеме да го внесеме во Уставот. Но суштината е поинаква. Проблемот не е во тоа, туку во триесетгодишната стратегија која ја водат низ европските ходници против македонската нација“, рече тој.

Премиерот додаде дека државата, од независноста до денес, направила бројни отстапки и помирувања, но дека вистинскиот проблем е што нејзините лидери со децении не воделе сметка за националниот интерес.

„Оваа борба е и ќе биде тешка. Но ќе успееме. Малубројна земја сме со големо срце. Ги почитуваме соседите, дури и кога ќе ги фатиме живи како работат против нас. Но без взаемна почит, нема да постигнат ништо. Кога ќе почнат да не почитуваат – ќе ни бидат најголем пријател“, истакна тој.

Најави дека нема да дозволи ново предавство ниту отстапување од македонските национални интереси, нагласувајќи дека неговата функција е минлива, но целта останува.

„Јас сум само моментален функционер, но работам ден и ноќ за да ја реализирам целта – достоинствено членство во ЕУ. Тоа не е само цел, туку потреба за нашата држава“, рече Мицкоски.

Во својата изјава тој посочи и дека моменталната блокада од Унгарија не е единствената причина за застојот во евроинтеграциите, туку дека проблемите датираат уште од 90-тите години, кога Македонија беше признаена како држава, но не и како нација.

„Нашиот источен сосед има поинаква агенда. Работеа против нас повеќе од три децении. Водени се од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања