Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6225

На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи.

— реклама —

Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат.

— реклама —

Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот. Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага.

Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав.

— реклама —

Така што овие две работи се многу важни, дека четири, пет, шест па и повеќе се намалуваат услугите за граѓаните и она коешто е важно е дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот, како што впрочем и се ослободуваат сите институции со доаѓањето на новата Влада, главен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата којашто е на ниво на безбедносна закана.

— реклама —

Се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава. Така што уште еднашка да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања