Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Порастот на индустриското производство за 3,8 проценти во јули е првичен индикатор дека со стабилна Влада конечно се враќа довербата на бизнис заедницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-15

„Индустриското производство после подолго време пад, има пораст во јули но, тоа е веќе третиот квартал, денеска го очекуваме вториот квартал. Тоа нé охрабрува што 3,8 проценти имаме пораст на индустриското производство после неколку месеци пад“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека во јули конечно има пораст на индустриското производство после неколку месеци пад.

— реклама —

„Падот во мај месец беше и двоцифрен, мислам дека беше 11-12 проценти, така што после неколку месеци пад, конечно во јули имаме пораст. Како тоа можеме како првичен индикатор да го толкуваме дека конечно се враќа довербата во бизнис заедницата. Имаме стабилна Влада, имаме стабилна клима, така што ќе нема големи политички, да речеме, несигурности коишто често пати знаат инвеститорите и странски и домашни да ги одвратат од инвестицијата“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Премиерот очекува овој тренд да продолжи и во третиот и во четвртиот квартал, имајќи предвид дека на вчерашната седница на Владата беа поминати 500 милиони евра заем од Унгарија и дека тие ќе бидат солиден драјвер за бруто домашниот производ и ќе имаат позитивно влијание и во четвртиот квартал, но и во првиот квартал во 2025 година.

„Тие многу скоро ќе се најдат пред пратениците во Парламентот и очекувам до крајот на месец да се заокружи тој процес. Овие се со развојна компонента, 250 милиони евра ќе бидат заем за бизнис заедницата, под услови коишто ги земаме, а тоа се 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период и 12 години рок на отплата, нешто што во моментов на пазарот за ваков тип на кредити го нема. И останатите 250 милиони евра се повторно со развојна компонента, односно за финансирање на капитални инвестиции во општините.

— реклама —

Очекувам и овие да бидат солиден драјвер за бруто домашниот производ и да имаат позитивно влијание и во четвртиот квартал, ни и во првиот квартал во 2025 година“, подвлече премиерот Мицкоски и додаде:

— реклама —

„Така што еве да ги следиме процесите, нормално и климата којашто ја создаваме како Влада, нема фудбалчиња по кабинети, нема рекетирање, нема братучеди и браќа коишто го олеснуваат водењето бизнис во Македонија, туку мислам дека сега веќе сé е поинаку. Бизнисмените се слободни да инвестираат, нема посредници коишто нудат услуги за брз поврат на ДДВ или не знам какви тие други услуги по министерствата. Мислам дека е сега околината многу послободна и сето тоа влијае позитивно во насока на подобрување на економскиот потенцијал“.

„Но, денеска, еве да поентирам да завршам на крај, очекувам, да го почекаме, очекувам да го видиме како ќе биде вториот квартал имајќи предвид дека изборите завршија на 5 мај, а мај и јуни се дел од вториот квартал, очекувам и тука да имаме позитивни ветришта. Но, ајде да почекаме да не коментираме пред време“, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања