Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Предлог-Буџетот вчера помина на владина седница, очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
30102024-Mickoski-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село во Општина Ѓорче Петров, по што одговарајќи на новинарско прашање, колкав раст предвидува Предлог-Буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница информираше дека, очекува 3,7 проценти да биде просечниот раст, следната година.

— реклама —

„Да, на владината седница помина Буџетот би требало деновиве да се најде и пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти. Очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде сѐ како што го проектираме и со инвестициите на компаниите и инвестициите на државата да дојдеме и до четворка. И не би се изненадил, ако следната година биде 3,7 повеќе, бидејќи такви се оние индикатори со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи коишто треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики коишто сѐ уште не се отпочнати. Јас очекувам во период којшто следи да отпочнат. Така што оваа година сме т.е. проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе“, изјави премиерот.

— реклама —
— реклама —

Премиерот додаде и дека капиталните инвестиции се на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми

— реклама —

„Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови коишто ќе следат. Буџетскиот дефицит е околу 41-42 милијарди, така што очекувам имајќи ги предвид сите теренски активности коишто се забрзани и очекувам конечно силен комитмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите. Така што не би се изненадил ако отидеме и ја видиме четворката следната година“, истакна премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања