Промени тема
Контакт

Мицкоски: Претходната Влада на СДСМ и ДУИ ги ограбуваше граѓаните, ова Влада инвестира и реализира капитални проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
18102024-Mickoski-1

„Јас не очекувам СДСМ да каже нешто паметно, но тоа што го кажуваат од СДСМ по мој совет е погрешно бидејќи граѓаните ова го гледаат, ние не можеме да земеме гумичка и да ја избришеме од колективната меморија на граѓаните. Сите овие проекти граѓаните ги гледаат како се реализираат, од ден на ден се фрлаат лопати како почеток на изградба на проект, се пресекува лента како завршување на некој проект“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека политиката на оваа Влада е да ги инвестираат државните пари и да помогнат на граѓаните, не да ги ограбуваат како претходната Влада.

— реклама —

„За жал тие продолжуваат да не ја говорат вистината, еве да се изразам според нивниот речник, не само што крадеа туку и лажат, мислам овие политички разбојници во минатото имаа можност да покажат карактер, имаа можност да покажат што можат и проекти, тие за жал единствено што успеаја да направат е да ја зголемат големината на нивниот личен паричник, а за жал граѓаните ги ограбија. Ние обратен процес имаме, ние сакаме се што може да се направи за доброто за граѓаните“, истакна премиерот.

— реклама —

Претседателот на Владата подвлече дека преку одличната работа на институциите во оваа Влада ќе се продолжи трендот на реализацијата на проекти.

— реклама —

„Од каде парите? Само 3 милијарди имаме и тоа можеби ништо не е, ама 3 милијарди имаме за 3 месеци повеќе наплата во царината, ако се спореди со претходната година денари, тоа е отприлика 50 милиони евра, така што тие ќе си продолжат да си зборуваат, ете тие одлучиле такви пораки да испраќаат во јавноста, ние ќе продолжиме со реализација на проекти и тоа е начинот на којшто ние мислиме дека треба да функционира политиката“, кажа премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 12 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања