Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски призна дека тој гони и апси“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ преку соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со своја изјава за одлуките на Врховниот суд во предметите „Ласкарци“ и „Јакимовски“ потврдил дека извршната власт има влијание врз институциите на правосудството.

Од СДСМ ја издвојуваат изјавата на Мицкоски: „Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода“, со која тој ги коментирал одлуките на Врховниот суд.

— реклама —

Од опозициската партија прашуваат како премиер може да „брка и затвора“ и велат дека таквата изјава, според нив, претставува уште еден доказ дека обвинителството постапува по налог на Мицкоски.

„Како еден премиер да брка и да затвора? Како еден премиер да гони?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека премиерот не е обвинител, судија или полициски инспектор, но оценуваат дека Мицкоски јавно зборува за тоа кој „брка и затвора“, а кој „пушта“.

— реклама —

СДСМ тврди дека тоа покажува оти обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под контрола на премиерот, како и дека правдата е селективна, а институциите се користат како инструмент на политичка волја.

„Кога сакаат – гонат. Кога сакаат – се оградуваат. Кога сакаат – пуштаат, затвораат“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија дополнително го обвинија владеењето за, како што велат, „организирана криминална група што ги зароби институциите“, барајќи итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Од СДСМ порачаа дека премиерот не смее да гони и апси и дека законот мора еднакво да важи за сите, а не да се применува според политичка наредба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 15 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања