Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
31122024-Mickoski

„2024 беше година на тешки и сериозни околности не само кај нас, туку и во целиот свет. Војните во повеќе региони, трагедијата на жртвите и ранетите, економското влијание од сето тоа, но и даноците и ефектите од постапките на неодговорните политичари кај нас, ги живеевме и сè уште живееме сите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„2024 беше година кога граѓаните избираа каква иднина сакаат и одбраа одлучни и убедени како никогаш до сега, Македонија да биде повторно нивна. Таа победа не беше само број, тоа беше јасен мандат од народот за нов пат и нова визија. Ве уверувам ние ја почитуваме и ја чуваме таа доверба и секој ден работиме напорно за да ги исполнуваме ветувањата кои ги дадовме и ние таа заклетва и одговорност не ја забораваме.

— реклама —

Како Влада наследивме држава која тонеше во криминал и нефункционалност, која се соочуваше со сериозни проблеми, а турбуленциите и економско-социјалните и институционалните предизвици однесоа многу време и енергија.

— реклама —

Можеби работите за некого не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на добро осмислен план, според кој свесни за вашите очекувања ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас, тоа за кое не одбравте.

Чекор по чекор се изодува патот од илјада милји, и верувајте нема покус пат, туку има само исправен пат и соодветни чекори. А ова што ние го правиме е токму такво чекорење по патот до заедничката цел.

Во овие 6 месеци направивме низа на чекори кои требаше да ја стабилизираат економијата, и кои доведоа до посакуваниот раст од 3 проценти кој претходно дури и во проекциите за Светската банка беше недостижен. Следната година планираме уште поголем раст, очекуваме сериозен исчекор во овој дел и нови убави вести, ефекти кои ќе ги почувствуваат сите граѓани.

Ги зголемивме пензиите, линеарно за две и половина илјади денари, а од март следната година следува ново покачување од две и половина илјади денари. Постигнавме зголемување на платите во образованието за минимум 46% во следните 4 години, додека тие во здравството тие веќе пораснаа за 10 проценти, а во следните години, во следните четири години ќе пораснат за 40 до 50%. Вработуваме 300 млади доктори и специјализанти. Се отпочна со мега проект за реализација на капитални проекти за општините од 250 милиони евра, во нови градинки, училишта, спортски сали, водови. Обезбедивме 250 милиони евра за развој на стопанството под супер евтина камата од 1.95%, имаме историски највисока поддршка и откупна цена за лозарите, тутунарите, оризопроизводителите и останатите земјоделци.

Постигнавме рекорд за привлекување на странски инвестиции над 1 милијарда евра и обезбедивме или забрзавме 8 нови странски инвестиции за нови 2.800 вработувања и многу, многу други проекти. Отворивме и фронт за борба против криминалот и корупцијата. Со докази, чекор по чекор, но одлучно.

Имаме уште многу работа. Со уште поголемо темпо и уште поодлучна акција.

2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите.

Ќе бидеме фокусирани на повеќе области, но приоритетно на 3 теми.

1. Економски и социјален раст и развој и повисок стандард. Повеќе пари за сите.

2. Создавање на ред и систем, јакнење на институциите и борба против корупција, решавајќи ги притоа во од заостанатите и преостанатите дефекти на корупција во системот на сите нивоа како и нивните поддржувачи и соработници.

3. Интеграција во ЕУ и спроведување на реформи за членство во ЕУ, дури и ако опстојат предизвиците за почеток на преговорите, кои чекор по чекор ќе се трудам да ги надминуваме.

На трите теми ќе правиме максимум со добро осмислен план и тајминг на активности.

Во 2025 година ќе се пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка, како и Градско-Прилеп. Ќе биде готова првата фаза од пругата кон Бугарија, додека интензивно и без застој ќе се градат автопатите Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола и Кичево-Охрид. Ќе почнеме со градба на автопат Тетово-Гостивар. Ќе растат платите во повеќе области, како и пензиите. Ќе обезбедиме ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти како и евтини кредити за млади до 30 илјади евра. Ќе има проекти и мерки за сите граѓани, Македонци, Албанците, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Ќе работиме за сите посветено и одговорно, за ваш подобар и поквалитетен живот.

2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа!

Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие граѓаните ја посакувате и каква што сите ние заедно ја заслужуваме. Македонија, која ќе биде повторно ваша! Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов! Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани“, посака Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања