Промени тема
Контакт

Мицкоски: Работиме макотрпно, платите ги зголемивме за 8 илјади денари, пензиите за 7 илјади, раст на БДП е 3 проценти, се градат 6 автопати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjvn9js2q99fm2KKyvRs

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека во изминатите две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, а просечната пензија за 7.000 денари, оценувајќи дека Владата постигнала значителен напредок и покрај тоа што, како што рече, има уште многу работа.

Во интервју за телевизија Сител, Мицкоски посочи дека економскиот раст, кој претходно изнесувал 1,8 проценти, сега достигнал 3,5 проценти, а истовремено се реализираат повеќе капитални инфраструктурни проекти.

— реклама —

„За првпат во исто време се градат шест автопатски делници. Во понеделник ќе го потпишеме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, а наскоро очекуваме да заврши и постапката за делницата Букојчани – Кичево“, рече премиерот.

Тој најави дека до следната година очекува да биде пуштен во употреба автопатот Кичево – Охрид, како и првите десет километри од автопатот Прилеп – Битола, додека изградбата на делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани ќе биде во полн интензитет.

— реклама —

Мицкоски истакна и дека се забележува раст во земјоделското производство, наведувајќи дека годинава се откупени повеќе тутун и грозје во споредба со претходната година. Според него, значително е подобрена и состојбата со акумулациите, а се сервисираат и обврските кон јавните претпријатија.

— реклама —

„Владата работи макотрпно и е целосно насочена кон реализација на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања