Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Растот на индустриското производство во вториот квартал од 3,4% е индикатор дека состојбата е стабилизирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryccf3ns83714daoHpMPF

Растот на индустриското производство во вториот квартал од околу 3,4 проценти е позитивен сигнал за состојбата во македонската економија, оцени премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, според кого податоците покажуваат дека состојбата е стабилизирана.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека особено значајно е што растот не се должи само на услужниот сектор, туку е забележан и кај преработувачката индустрија.

— реклама —

„Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, посебно во вториот квартал кој што е над 3%, мислам дека е некаде околу 3,4%, но уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека овие показатели укажуваат оти по период од околу 24 до 26 месеци од мандатот на актуелната Влада, состојбата конечно е стабилизирана и дека во следниот период треба да продолжи развојот и растот.

— реклама —

„Овие индикатори се први индикатори коишто велат дека после овие 24, 25-26 месеци од оваа Влада конечно стигнуваат позитивни вести, односно да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата која што ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме“, нагласи премиерот.

— реклама —

Мицкоски изрази очекување позитивниот тренд да продолжи и во периодот што следува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања