Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Реформската агенда за периодот 2024-2027 година е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилноста на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6257

„Владата е целосно посветена на реализација на нашата стратешка цел за интеграција во Европската Унија.

Во овој процес, не само што ја гледаме иднината на нашата држава како полноправна членка на Унијата, туку и како модерна, економски стабилна и просперитетна држава која ги исполнува највисоките европски стандарди.

Нашата визија за модерна и Македонија е повторно твоја, е заснована на принципите на инклузивност, владеење на правото и економски развој, што ќе ни овозможи да бидеме рамноправен партнер во европското семејство.

— реклама —

Денес ви ја претставуваме Нацрт-Реформската агенда за периодот 2024-2027 година која е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилност на нашата земја во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

Овој план, инициран од Европската комисија има за цел да ги намали економските диспаритети на државата и Европската Унија, нудејќи им на граѓаните пристап до придобивките од Унијата уште пред официјалното членство.

Нашата Реформска агенда се темели на четири основни столбови:

• Зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија - Овој процес ќе го зголеми нашиот пристап до пазарите, ќе ја подобри трговијата и ќе ја поттикне регионалната стабилност.

— реклама —

• Продлабочување на регионалната економска интеграција - Преку зголемена соработка со нашите соседи во рамки на Заедничкиот регионален пазар, ќе создадеме посилна и поотпорна економија.

• Забрзување на фундаменталните реформи - Овие реформи се клучни за нашето усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија, овозможувајќи брз економски развој и значителни придобивки за сите наши граѓани.

• Зголемување на финансиската помош за реформите - Со финансиски пакет од 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди се грантови, економијата ќе добие значителна поддршка за спроведување на реформите и постигнување на нашите цели.

— реклама —

Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027. Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување на Договор за механизмот за реформи и раст и Договор за заем. По ратификацијата на договорите, пак, ќе биде поднесено барање за повлекување на првата транша во висина од 7% од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.

Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со Европската комисија и ќе опфати приоритетни области како што се реформите на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрување на деловното опкружување.

Овие приоритети се клучни за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и за обезбедување на долгорочна стабилност и напредок.

Наша одговорност е да осигураме дека сите мерки и чекори предвидени во Реформската агенда ќе бидат успешно спроведени и дека ние ќе ја искористиме оваа историска можност за забрзан економски развој и интеграција во рамките на Европската Унија.

— реклама —

Секој чекор што го преземаме, секоја реформа што ја спроведуваме е во насока на натамошно имплементирање на европските стандарди.

Оваа Влада нема да застане пред ниту еден предизвик.

Ќе продолжиме да работиме со целосна посветеност и решителност за подобра иднина на нашите граѓани, затоа што знаеме дека нашата иднина е во Европа.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања