Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Реконструкцијата ќе значи нова енергија, ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства — здравство, социјала и демографија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryvhuk2ilsng2s4nXnEne

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претстојната реконструкција на Владата треба да донесе нова енергија и подобра ефикасност во работата, посочувајќи дека предлозите најпрво ќе бидат разгледани од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе бидат доставени до Собранието.

— реклама —

Во интервју за емисијата „Директно“ на ТВ Телма, Мицкоски истакна дека реконструкцијата не е резултат само на незадоволителна испорака, туку и на потребата од подобрување и промена на приоритетите во рамките на владината коалиција.

— реклама —

„Не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Оваа реконструкција е комбинација од сите тие фактори“, рече Мицкоски.

Тој откри дека во рамките на реконструкцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади, кои досега ги водеа коалициски партнери.

— реклама —

Според Мицкоски, коалицијата ВРЕДИ ќе раководи со Министерството за култура, Министерството за правда и Министерството за односи меѓу заедниците, додека Министерството за земјоделство ќе му припадне на ЗНАМ.

— реклама —

Покрај тоа, ЗНАМ ќе добие и дополнителна функција заменик-министер, за што ќе се разговара наесен, кога на дневен ред ќе бидат и заменичките позиции во Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 39 минути

— реклама —
electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 52 минути

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 1 ден

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања