Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Секој кој ја добил довербата на граѓаните, и кој работи напорно, чесно, трудољубиво, е денешниот современ патриот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во општина Дојран, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември годинава. Мицкоски зборуваше за случувањата за време на изборната кампања и за тоа што следува во наредниот период. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е партија која легитимитетот го црпи од граѓаните, а како што вели, секој оној кој ја добил довербата од народот и работи чесно и трудољубиво е денешниот современ патриот, илинденец и асномец.

,,Нема да биде лесно, ќе биде тешко, не памтиме ние лесни времиња, во суштина, многу предизвици, затоа сме ние да ги решаваме тие предизвици, не да лелекаме, не да кукаме, затоа е ВМРО-ДПМНЕ, затоа е оваа коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да ги решава проблемите“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски истакна дека довербата која граѓаните ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овие локални избори, во првиот круг од истите, е од историски размери.

,,На овие локални избори, граѓаните дадоа доверба, а коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во историски размери, како никогаш до сега. Јас сум убеден дека на овие 33 градоначалници, кои што се избрани во првиот круг, ако се додадат овие нови два, бидејќи противниците се откажаа, веќе се 35 убеден сум, дека на овие 35 ќе се додадат и преостанатите 24 и бројката ќе биде 59“, кажа Мицкоски.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е партија која легитимитетот го добива од граѓаните, и како што вели Мицкоски, таа доверба нема да се изневери и само ќе се надградува.

— реклама —

,,ВМРО-ДПМНЕ  е партија која што својот легитимитет го добива, тој легитимитет извира од граѓаните. И ние со нашето работење нема никогаш да дозволиме таа доверба да ја прокоцкаме, таа ја доверба да ја изневериме, туку напротив ќе се трудиме со нашето работење да покажеме и докажеме дека сме ја заслужиле таа доверба и дека само ќе ја надградуваме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи оние, кои според него, работат искрено, чесно и трудољубиво да ја оправдаат довербата кој граѓаните им ја даваат се денешните современи патриоти, асномци и илинденци, а не тие кои се кријат зад црни кампањи и ад хоминем напади.

— реклама —

,,Секој оној, кој што добил можност, ја добил довербата на граѓаните, и кој што работи напорно, чесно, трудољубиво, којшто е вреден, којшто не се однесува надмено, туку напротив, се однесува понизно, кон граѓаните кон народот, кој што го избрал, е денешниот современ  патриот, е денешниот  гемиџија, е денешниот илинденец, асномец“, рече Мицкоски и додаде:

,,Не оној кој што седи зад статусите и се крие со лажни имиња, кој што навредува кој што лаже, кој што води црни кампањи, кој што напаѓа ад хоминем, со ниски страсти, тие не се патриоти тие се измамници“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 23 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања