Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Секој заслужува повисока плата, ќе седнеме да разговараме со синдикалните организации и да изнајдеме решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-1

„Сакам најпрво да кажам дека сите заслужуваат повисоки плати. Тоа е многу важно да се знае. Секој кој што работи, кој што се труди, кој што чесно работи согласно закон и Устав заслужува повисока плата и тука не треба да има никаква дилема“, дециден е Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став со оглед дека Независниот синдикат најавува протест на просветните работници.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се обезбедиле средства за законското усогласување, нагласувајќи дека во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, е подготвен да седне со сите синдикални организации и да разговара.

— реклама —

„Како Влада во рамки на овие два месеци направивме ребаланс на Буџетот со кој што обезбедивме средства за законските усогласувања. И тука не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, подготвени сме да седнеме со сите синдикални организации и да разговараме. За два месеци успеавме да ги консолидираме институциите кои што беа во распад, да ги консолидираме министерствата кои што беа во распад, да го консолидираме буџетот кој што беше во распад“, рече тој и додаде:

— реклама —

„Ќе ве потсетам пред неколку денови, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП има за 40 проценти повисока наплата споредено од јули месец годинава со јули месец минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста за кадровската политика, за начинот на систематизирање на работните места, кои биле наградувани, кои не биле наградувани. Но, и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата. Царината за 20 проценти во јули месец, наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули во споредба со јули минатата година“.

Премиерот Мицкоски изјави дека не смее да се дозволи политизација на синдикалните организации.

— реклама —

„Ги консолидираме институциите затоа што сме посветени и сакаме да донесеме надеж и таа надеж се чувствува насекаде. Прв сум меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи јас сум просветен работник, и јас предавам на Универзитетот, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смее да дозволиме во синдикалните организации политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети. Затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција“.

— реклама —

Премиерот Мицкоски посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања кои претходно беа усогласени со синдикалните организации, укажувајќи дека со Буџетот од следната година е подготвен да седне и да разговара за да се изнајде решение, за нешто за кое што има основа.

„А со буџетот од следната година подготвени сме да седнеме и да разговараме без политизација и да најдеме решение. Јас сум прв кој што ќе поддржи нешто за кое има основа“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања