Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Следната година би почнале активностите за новиот Клинички центар кај „Борис Трајковски“, во тек се преговори за земјиштето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата веќе размислува за изградба на нов Клинички центар во Скопје, а како најсериозна опција се разгледува локацијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.

— реклама —

Тој посочи дека во моментов приоритет е завршување на проектите за клиничката болница во Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, студентскиот дом во Кичево со проширена дејност и клиничката болница во Тетово, за кои веќе има индикативни и, како што рече, поволни понуди од потенцијални финансиери.

— реклама —

„Во меѓувреме размислуваме и за големиот клинички центар, кој во Скопје би требало да се изгради. Разгледуваме локација пред базенот ‘Борис Трајковски’, бидејќи има одлична сообраќајна поврзаност, пристап до гас и близина до обиколницата“, изјави Мицкоски.

Тој откри дека земјиштето е во приватна сопственост и дека се водат разговори со сопственикот за можна замена, по што би следувала промена на намената со специјален закон.

— реклама —

Според планот, новиот ултрамодерен Клинички центар би бил поврзан со болницата „8 Септември“ преку топол подземен премин под булеварот „Илинденска“, а во комплексот би биле вклучени и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“.

— реклама —

„Ако биде сè во ред, очекувам во текот на следната година да имаме почеток на активностите и за овој проект“, рече премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања