Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски со божиќна порака: Силна држава се гради од силни семејства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library6kc6stqu2v0t1K0qrVF

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати божиќна порака до православните верници, во која ја нагласи важноста на семејството, верата и солидарноста како темелни вредности врз кои се гради стабилна и силна држава.

— реклама —

Во пораката, Мицкоски истакна дека Божиќ е празник кој потсетува на суштинските вредности што со векови го обликувале македонскиот народ, нагласувајќи дека силата на општеството започнува во домот.

„Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит“, порача Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината на општеството се чува преку грижата за најмладите. Според него, во време на брзи промени и бројни предизвици, Божиќ е повик за враќање кон вредностите што обезбедуваат опстанок и напредок – заемна грижа, солидарност и одговорност кон ближниот.

— реклама —

„Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж“, истакна премиерот, додавајќи дека обврска на институциите е да создаваат услови за достоинствен живот на секое дете и поддршка за секое семејство.

Во пораката се нагласува и значењето на единството, со пораката дека само како заедница која се почитува, се слуша и си помага, државата може да одговори на предизвиците и да гради стабилна, праведна и сигурна иднина.

— реклама —

На крајот, Мицкоски им посака мир во домовите, здравје и спокој во семејствата на сите православни христијани, завршувајќи со традиционалниот божиќен поздрав:
„Христос се роди!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања