Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Штетните политики на СДСМ и Венко се поразени, а на следните избори ќе бидат целосно декласирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library4r2ei7icocg038e47y2

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од СДСМ поврзани со европската перспектива на државата и животниот стандард, изјави дека политиките на претходната власт се поразени и дека на следните избори ќе бидат, како што рече, целосно декласирани, стои во соопштението од Владата.

— реклама —

Мицкоски се осврна на, како што го нарече, вчерашниот настан организиран од СДСМ во Собранието, обвинувајќи дека ветувањата од 2018 година не биле исполнети.

— реклама —

Тој праша дали биле реализирани ветувањата за подобро здравство, образование, повисоки пензии и економски раст, додавајќи дека, според него, одредени поединци финансиски профитирале во тој период, стои во соопштението.

Премиерот наведе дека актуелната Влада спроведува мерки за подобрување на животниот стандард, меѓу кои зголемување на пензиите, субвенции за млади, инвестиции во студентски домови и поддршка за земјоделството. Спомена и исплата на заостанати обврски во одредени јавни претпријатија, стои во соопштението.

— реклама —

Како што е наведено во соопштението ,во однос на здравствениот сектор, Мицкоски упати критики кон претходното раководство, наведувајќи примери од периодот на пандемијата и набавките на вакцини, кои според него биле направени по високи цени.

— реклама —

„Оваа политика е поразена и ќе биде декласирана на следните избори“, изјави Мицкоски, додавајќи дека иднината на политиката треба да ја водат, како што рече, одговорни и патриотски ориентирани луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања