Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Трговската размена со Германија надминува над 5 милијарди евра, наш приоритет е економско стабилизирање на државата и соработка со бизнис заедницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski

„Почитувана претседателка на Германско-Македонската стопанска комора,

Мислам дека до сега покажавме во многу наврати дека како нова Влада се обидуваме да градиме исклучително квалитетни односи со бизнис заедницата.

— реклама —

Наш приоритет е економско стабилизирање на државата нешто што на Македонија и е насушно потребно.

Наш приоритет е да бидеме пријатели со бизнис заедницата, огромна е трговската размена помеѓу двете држави, таа надминува 5 милијарди евра.

Од статистиката и информациите со коишто јас располагам повеќе од 25 илјади македонски граѓани се вработени во компании коишто доаѓаат од Сојузна Република Германија, и очекувам тој број да расте.

— реклама —

Веќе неколку инвестиции како Влада ги отпочнавме за нив зборуваше и почитуваната претседателка на комората, очекуваме многу скоро денеска уште еден камен темелник на уште една белгиско-германска компанија, но и во периодот којшто следи очекуваме почеток на нови инвестиции на компании коишто се веќе присутни и ќе има проширување, би рекол продлабочување на производното портфолио на тие компании.

Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите во Владата од тоа кога ќе отворите ново работно место, кога ќе можете да помогнете да уште некој македонски граѓанин да остане тука дома, наместо да се сели надвор, новоотворено, добро платено работно место ќе значи и подобар стандард.

— реклама —

Мене ме охрабруваат првите индикатори во економијата во месеците јули и август, тековен е сега септември, како ќе одминува месецот ќе ги следиме параметрите и во овој месец, но во јули и август можам да кажам дека оние податоци коишто се појавија тоа е поголемото индустриско производство со големо учество на преработувачката индустрија охрабрува, 3,8%, 4% после неколку месечниот пад којшто беше посебно жесток во месеците април, мај, јуни, сега конечно имаме позитива и очекувам и во месец август и понатаму во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство и за преработувачката индустрија, исто така БДП во вториот квартал е 2,3% над очекувањата коишто беа поставени од страна на многу меѓународни финансиски институции.

Очекувам во следните месеци тоа да биде уште поголемо, исто така можам да кажам дека инфлацијата постепено во август месец конвергира кон оној оптимум којшто го посакуваме, тој е 2,2% во негатива од тоа што го очекувавме, значи позитивни се и таму индикаторите, споредено со август месец минатата година.

Така што ако се анализираат сите овие параметри можеме да дојдеме до заклучок дека имаме раздвижување во делот на економијата и очекувам тоа така и да продолжи во периодот којшто следи.

— реклама —

Со ова денешно присуство сакаме да испратиме порака дека Владата и бизнис заедницата се партнери и така треба да продолжат да функционираат во иднина.

Честопати ќе ме сретнете на состаноци во стопанските комори, тоа е главен приоритет на работењето на оваа Влада, владеење на правото, чесно работење и поддршка за бизнисот, бидејќи на тој начин си помагаме и самите себе, така ќе имаме повеќе пари во буџетот, со повеќе пари во буџетот ќе можеме да реализираме повеќе капитални инвестиции.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања