Промени тема
Контакт

Мицкоски уверува: Решение за македонските транспортери до февруари, економијата е стабилна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5
ФБ

Премиерот Христијан Мицкоски денес на новинарско прашање дали очекува позитивен исход од преговорите за македонските транспортири, односно едната недела македонската влада ќе биде на преговори со ЕУ и какви ќе бидат ставовите на владата?

„Овој проблем со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме дипломатска офанзива, здружена со земјите од регионот. Важно е дека е препознаен проблемот. Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со коешто ќе се надмине овој проблем, но тука не застануваат проблемите, следно е квотите за челикот. Така да проблеми има континуирано, проблемите се тука и ќе се решаваат. Што се однесува до транспортерите, мора да се надмина овој проблем за транспортерите и мислам дека одприлика се надзира решението и очекувам тоа во рамките на следниот месец, односно на месец февруари, да биде завршена работа“, изјави Мицкоски

— реклама —
— реклама —

На прашањето дали треба да стравуваме за македонската економија, со оглед на тоа дека вицепремиерот Николовски најави колапс, премиерот изјави дека економијата е стабилна.

— реклама —

„Изјавата на Вицепремиерот беше повеќе во насока дека ќе бидат блокирани граничните премини и ќе нема размена трговска меѓу земјите. Тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска владата реагираше. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат. Успеавме да обезбедиме на мегународниот пазар доволно средство да ги вратиме долговите на претходната влада и со остатокот да имаме доволно средства за развој и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Така што, економијата продолжува да расте и јас очекувам покрај рекордите што ги имавме во втората половина, 2024 и 2025, тој тренд да продоложи и во 2026 година“, изјави Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања