Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар - утре. Кој да му верува?“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата нема кредибилитет кога најавува дека Гостивар утре ќе добие технички исправна вода, оценувајќи дека по признанието за задоцнета реакција во справувањето со состојбата, граѓаните имаат право да се сомневаат во институциите.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека, според нив, вчера министерот за здравство Сашо Клековски признал дека институциите задоцниле со реакцијата, додека денес, како што велат, одговорноста се префрла на локалната власт.

— реклама —

„Утре Гостивар треба да добие технички исправна вода, што значи дека таа сè уште не е за пиење. Како да им веруваме кога алармите и црвените светла им се вклучуваат предоцна?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во минатото, според СДСМ, не ги исполнил повеќе свои ветувања поврзани со евроинтеграциите, реформите, правосудството, економските политики и други прашања, поради што, како што тврдат, ја изгубил довербата кај граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ порачуваат дека наместо префрлање на одговорноста, потребно е да се утврди кој е виновен за состојбата со водата во Гостивар и да се преземе одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања