Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-1

,,Помалку трошоци повеќе за тебе - е мерката која денес ја донесовме на Владата. Поточно Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор.

Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.

— реклама —

На големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.Ова е само уште еден пример на посветеноста на Владата за создавање подобри услови за сите наши граѓани.

За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.

— реклама —

Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници.

Благодариме на досегашната поддршка и бидете уверени дека ќе продолжиме да работиме во интерес на апсолутно сите граѓани.

Пред да се заблагодарам на вниманието, би сакал неколку симулации.

— реклама —

Да речеме анализиравме увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и заклучивме дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.

Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари.

— реклама —

Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари.

Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот.

Но тука нема да застанеме, продолжуваме и понатаму. И понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на, би рекол, маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања