Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Вложуваме значителни напори да ја зајакнеме улогата на локалните власти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
10122024_MICKOSKI-7

„Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа врз која се гради развојот на секоја заедница и мостот кој ги поврзува граѓаните со државните институции. Локалната самоуправа е срцето на локалниот развој. Таа е тука да ги препознае и задоволи потребите на секој граѓанин, да го унапреди животот во нашите општини и да обезбеди услуги кои се брзи, ефикасни и достапни за сите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Нашата визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин. Да создадеме услови каде општините нема да бидат само администратори, туку активни двигатели на економскиот раст, на иновациите и на социјалната кохезија.

— реклама —

Работите што ги наследивме во поглед на локалната самоуправа и тоа што минатите влади преземале на тој план можам да кажам дека не се добри. Предолго општините биле предмет на политички пазар и поддршката на централната власт исклучиво зависела од тоа дали раководствата на единиците на локалната самоуправа кохабитираат со тие на централната власт.

Па затоа ќе потсетам дека изворно како и доскорешен лидер на опозицијата сум запознаен со тоа низ што се градоначалниците поминуваа на тој план. И на тој план единствено и најголемата цена ја плаќаа граѓаните. Морам да кажам дека тоа станува минато и ако сакаме развој тој ќе е целосен со сите аспекти и чинители вклучени во него.

— реклама —

Вложуваме значителни напори да ја зајакнеме улогата на локалните власти. Преку финансиска децентрализација, инвестирање во инфраструктурата и дигитализација на услугите, покажавме за кус период дека развојот на локалната самоуправа е наш приоритет.

Но, останува уште многу работа. Пред нас е предизвикот да обезбедиме целосна транспарентност, отчетност и еднаков пристап до сите ресурси. Само со заеднички напори и партнерство помеѓу централната и локалната власт можеме да изградиме општини кои ќе бидат пример за добар управувачки модел.

— реклама —

Министерството за локална самоуправа отпочна со постапка за консултации на нов закон за локална самоуправа со кој ќе се надминат сите недостатоци и ќе се инкорпорираат искуствата од праксата. Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат ниту монораси и локални владетели, ниту пак статисти во процесите. Туку фактори за развој и решавање на проблемите.

Ние покажуваме со пример дека работиме за сите општини. Преку министерството за локална самоуправа се менаџира процесот кој како Влада го реализираме за 250 милиони евра капитални инвестиции каде пари имаат добиено сите општините кои ги исполнија условите со што покажуваме дека за нас приоритет е локалниот развој.

На крај, дозволете ми да се заблагодарам на овој настан и посветеноста на министерот и сите чинители да обезбедат кохезија но и да истакнам:

— реклама —

Локалната самоуправа не е само ниво на власт. Таа е симбол на нашиот заеднички стремеж за подобар живот. Таа е инструмент преку кој граѓаните ја реализираат својата моќ и визија за подобро утре.

Ајде сите заедно, без разлика на политичките, етничките или географските разлики, да вложиме напори за силни и успешни општини кои ќе бидат гордост на нашата држава“, соопшти Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања