Промени тема
Контакт

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5035

,,Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот.

Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи.

— реклама —

Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.

— реклама —

Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.

— реклама —

Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања