Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски за Дамева: Кога довербата е неоправдана, очекувањата неисполнети, треба да биде правило, а не исклучок да се поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fasdfasd

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине.

„Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството.

— реклама —

Ценам дека овој Судски совет и ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, ова треба да биде правило во иднина дека секој оној којшто нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да замине, без разлика која улога во општеството ја има“, подвлече Мицкоски.

Тој го истакна своето очекување обвинителите да имаат поголем фокус во справувањето со криминалот и корупцијата.

— реклама —

„Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред се важи за обвинителите коишто сред акции, кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, повишена температура, грчеви во стомакот, дијареја и анксиозност“.

— реклама —

Во однос на прашањето дека Државниот јавен обвинител се одзвал на прозивката дека ќе извршат реорганизација во Јавното обвинителство и дека ќе пристапат кон поважните предмети, премиерот Мицкоски изјави:

„Јас не би сакал да го коментирам Државниот јавен обвинител, бидејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство, зошто не постапувате како што постапувале, во минатото владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме конечно правдата да ја добиеме. Граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше до сега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како Владата треба и да обвинуваме и судиме.

— реклама —

Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа Влада тоа не е политика. Ние можеме преку истражните органи, Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, МВР итн да подготвиме случај и да му го дадеме на Обвинителството. Обвинителството е тоа коешто поднесува пријава, а подоцна, доколку Судот ја прифати, суди. Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа, ниту некогаш ќе го правам.

Јас само упати многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа. Да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците. Туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто им ја даваат македонските граѓани, а не е мала“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања