Промени тема
Контакт

Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20072024_MICKOSKI-4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

— реклама —

„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:

— реклама —

„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања